Услови на користење на Google Play
15 март 2023 година (Прегледајте ја архивираната верзија)
1. Вовед
Важечки услови. Ви благодариме што користите Google Play. Услугата Google Play ја обезбедува Google LLC („Google“, „ние“ или „нас“), со адреса на 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View California 94043, USA. Вашето користење на Google Play и апликациите (вклучувајќи ги инстант апликациите на Android), системските услуги, игрите, филмовите, книгите, списанијата или другите дигитални содржини или услуги (нарекувани „Содржини“) што се ставени на располагање преку неа, подлежи на овие Услови на користење на Google Play („УК на Play“) и на Условите на користење на Google („УК на Google“) (што заедно ги нарекуваме „Услови“). Google Play е „услуга“ како што е опишано во УК на Google. Ако постои некаков конфликт помеѓу УК на Play и УК на Google, УК на Play ќе преовладеат.
2. Вашето користење на Google Play
Пристап до Содржините и нивно користење Google Play може да ја користите за прелистување, лоцирање, прегледување, пренесување или преземање Содржини на вашиот мобилен, компјутер или друг поддржан уред („Уред“). За да ја користите Google Play, потребен ви е Уред што ги исполнува системските и барањата за компатибилност со соодветните Содржини, функционален интернет-пристап и компатибилен софтвер. Достапноста на Содржините и функциите се разликува од земја до земја и сите Содржини или функции може да не се достапни во вашата земја. Некои Содржини може да бидат достапни за споделување со членовите на семејството. Содржините може да ги нуди Google или да се ставени на располагање од трети лица што не се поврзани со Google. Google не е одговорен за и не поддржува какви било Содржини ставени на располагање преку Google Play што потекнуваат од друг извор, а не од Google.
Ограничувања на возраста. За да ја користите Google Play, мора да имате важечка сметка на Google („Сметка на Google“), што е предмет на следниве ограничувања на возраста. Ако во вашата земја ве сметаат за малолетник, мора да имате дозвола од родител или законски старател за да ја користите Google Play и да ги прифатите Условите. Мора да ги исполнувате сите дополнителни ограничувања на возраста што може да важат за користењето на посебните Содржини или функции на Google Play. Управниците и членовите на семејството мора да ги исполнат и овие дополнителни барања.
Надоместоци за трети лица. Вие сте одговорни за сите надоместоци за пристап или интернет сообраќај на кои се изложувате спрема трети лица (како давателот на интернет пристап или мобилниот оператор) во врска со користењето и прегледувањето на Содржините и Google Play.
Ажурирања. Google Play, поврзаните библиотеки за поддршка или Содржините можеби ќе треба да се ажурираат, на пример, за поправки на софтверски грешки, подобрени функции, загубени приклучоци и нови верзии (заедно „Ажурирања“). Таквите Ажурирања можеби ќе бидат неопходни за да користите Google Play или за пристап, преземање или користење Содржини. Со вашето давање согласност на Условиве и ако ја користите Google Play, вие се согласувате да добивате такви Ажурирања автоматски. Можеби ќе може да управувате со Ажурирањата на одредени Содржини преку Поставките во Google Play. Меѓутоа, ако се утврди дека Ажурирањето ќе поправи важна безбедносна ранливост поврзана со Содржините, Ажурирањето може да се изврши без оглед на вашите Поставки за ажурирање во Google Play или на уредот. Доколку друга продавница со апликации се обидува да ажурира Содржини што се првично преземени од Google Play, може да добиете предупредување или таквите ажурирања може целосно да се спречат.
Податоци за вас.Политиката за приватност на Google објаснува како постапуваме со вашите лични податоци и како ја заштитуваме вашата приватност при користењето на Google Play. Google можеби ќе треба да им ги даде вашите лични податоци (како на пр., името и адресата на е-пошта) на Давателите со цел обработка на трансакциите или обезбедување Содржини за вас. Давателите се согласуваат да ги користат овие информации во согласност со нивните политики за приватност.
Ако сте дел од семејна група на Google Play, членовите на семејството во групата ќе може да видат некои информации за вас. Ако сте управник на семејна група на Google Play, членовите на семејството што ќе ги поканите да се придружат кон групата ќе го видат вашето име, фотографија и адреса на е-пошта. Ако се придружите на семејна група како член на семејството, другите членови на семејството ќе може да го видат вашето име, фотографија и адреса на е-пошта. Управникот на семејството може да ја види и вашата возраст и ќе види запис за сите купувања што ги правите со помош на назначениот семеен начин на плаќање, вклучувајќи и опис на купените Содржини. Ако Содржините се достапни за споделување со семејството и ако ги споделите со семејната група, тогаш сите членови на семејството ќе може да пристапат до нив и да видат дека сте ги купиле.
Неовластен пристап до сметките. Мора да ги чувате деталите за сметката на сигурно и да не ги споделувате со никој друг. Не смее да собирате или прибирате лични податоци за кој било корисник на Google Play или за кој било корисник на другите услуги на Google преку Google Play, вклучувајќи ги и имињата на сметките.
Оневозможени сметки. Ако Google го оневозможи пристапот до вашата сметка во согласност со овие Услови (на пример, ако ги прекршите Условите), може да ви биде спречен пристапот до Google Play, до деталите за сметката или до сите датотеки и други Содржини што се складирани на сметката. Погледнете во Центарот за помош за повеќе информации. Ако сте управник на семејна група на Google Play и Google ви го оневозможи пристапот до сметката, членовите на семејството може да го изгубат пристапот до семејните функции за кои е потребна семејна група, како на пр., семеен начин на плаќање, семејни претплати или Содржини споделени од членовите на семејството. Ако сте член на семејна група на Google Play и Google ви ја оневозможи сметката, членовите на семејството ќе го изгубат пристапот до Содржините што сте ги споделиле со нив.
Заштита од злонамерен софтвер. За да ве заштити од злонамерен софтвер од трети лица, URL-адреси и други безбедносни проблеми, Google може да добива информации за мрежните врски на Уредот, потенцијално штетните URL-адреси, оперативниот систем и апликациите од трети лица инсталирани на Уредот преку Google Play или други извори. Google може да ве предупреди ако процени дека некоја апликација или URL е небезбедна, да ја отстрани или да го блокира нејзиното инсталирање на Уредот ако е познато дека е штетна за уредите, податоците или корисниците. Може да изберете да оневозможите некои од овие заштити во поставките на Уредот, сепак Google може да продолжи да прима информации за апликациите што се инсталирани преку Google Play, а апликациите инсталирани на Уредот од други извори може и понатаму да се анализираат од безбедносни причини, без испраќање информации до Google.
Инстант апликации на Android. Кога ќе кликнете на линк на Уредот, Google Play може да провери дали постои соодветна инстант апликација и, доколку постои, ќе го отвори линкот во неа. Секој код што е потребен за да работат деловите на инстант апликацијата до која пристапувате ќе се преземе и трајно ќе се зачува на Уредот. Детали за инстант апликациите може да се најдат во Google Play Store. Податоците и поставките за инстант апликациите на Android се синхронизирани со уредите што се најавени со вашата сметка на Google. Може да изберете да ги оневозможите инстант апликациите на Android во поставките на Уредот.
Измени во Условите. Доколку УК на Play се изменат, за тоа ќе ве известиме најмалку 30 дена претходно, а новите УК на Play ќе стапат на сила по таквиот период на известување. Ако и понатаму ја користите Google Play после таквиот период на известување, тоа ќе означува прифаќање на новите УК на Play. Новите УК на Play ќе важат при вашето користење на сите Содржини (вклучувајќи ги и Содржините што сте ги инсталирале или купиле во минатото) и сите следни инсталации и купувања. Ако не се согласувате со таквите промени, ќе ви биде дадена можност да ги преземете Содржините што претходно сте ги купиле или инсталирале и да ја прекинете употребата на Google Play. Може да продолжите да ја прегледувате копијата од Содржините на вашите Уреди во согласност со последната верзија на УК на Play што сте ги прифатиле.
3. Купувања и плаќања
Бесплатни содржини. Google може да ви дозволи бесплатно да преземате, прегледувате или да користите Содржини на Google Play. Дополнителни ограничувања може да важат за пристапот и употребата на одредени бесплатни Содржини.
Купување Содржини. Кога купувате Содржини на Google Play или користејќи го Google Play, ќе стапите во посебен договор за продажба врз основа на овие Услови (како што се применливи) со продавачот, кој ќе биде:
(а) Google Commerce Limited или
(б) давателот на Содржините („Давателот“), (вклучително и каде Google Commerce Limited се јавува во својство на посредник за Давателот.
Посебниот договор за продажба е во прилог на овие Услови.
За продажби, каде што Google дејствува како посредник на Давателот, изјавата во УК на Google дека УК на Google „не создаваат права на наследство на трети лица“, не се однесува на користењето на Google Play.
Договорот за купување и користење Содржини ќе биде склучен откако ќе добиете е-порака од Google за потврда на купувањето на Содржините, а извршувањето на договорот започнува веднаш штом ќе го завршите купувањето.
Нарачки однапред. Кога однапред ќе нарачате Содржини, вашиот договор за купувањето и користењето на тие ставки ќе се склучи кога Содржините ќе ви бидат ставени на располагање и дури тогаш ќе ви се наплати за купувањето. Може да ја откажете однапред направената нарачка во секое време, сѐ до моментот кога Содржините ќе ви се стават на располагање. Ќе треба да ја откажете однапред направената нарачка ако Содржините се повлечени од продажба преку Google Play пред да ви се стават на располагање, а ние го задржуваме правото да ја откажеме нарачката во случај на промена на цената пред испорачувањето на нарачката.
Семеен начин на плаќање. Ако сте управник на семејна група на Google Play, ќе треба да поставите важечки семеен начин на плаќање што членовите на семејството ќе го користат за купување Содржини на Google Play и во апликациите. Вие ќе бидете одговорни за сите купувања на Содржини на членовите од семејството со семејниот начин на плаќање. Ако се избрише некоја семејна група или член на семејството ја напушти семејната група, може да ви се наплати за необработените набавки што членовите на семејството ги извршиле со семејниот начин на плаќање.
Google Payments. За да купите Содржини преку Google Play, мора да имате сметка на Google Payments и да се согласите со Условите на користење на Google Payments. Изјавата за приватност на Google Payments важи секогаш кога купувате Содржини преку сметката на Google Payments. Вие сте одговорни за сите износи за плаќање поврзани со купувањата направени преку Google Play на сметката на Google Payments.
Други начини за обработка на плаќањето. Google, покрај сметката на Google Payments, може да ви стави на располагање разни други начини за обработка на плаќањето за да ви го олесни купувањето Содржини преку Google Play. Мора да се придржувате до сите важечки правила и услови или други законски договори, било со Google или со трети лица, што раководат со користењето на дадениот начин за обработка на плаќањето. Google може да додава или да отстранува начини за обработка на плаќањето по сопствено убедување. Вие сте целосно одговорни за сите износи за плаќање поврзани со купувањата направени на Google Play.
Подобност за наплата преку мрежен оператор. Со цел да се утврди дали ги исполнувате условите да ви се наплаќа купувањето Содржини преку вашите Уреди на сметката на мрежниот оператор, ќе ги испратиме идентификаторите на Уредот (на пр., ID на претплатникот и серискиот број на SIM-картичката) до мрежниот оператор откако ќе создадете сметка на Google Play на Уредот. За да го дозволите ова, ќе треба да ги прифатите условите на користење на мрежниот оператор. Мрежниот оператор може да ни испрати информации за адресата за наплата. Овие информации ќе ги чуваме и користиме во согласност со Политиките за приватност на Google и Изјавата за приватност на Google Payments.
Цени. Цените и достапноста на сите Содржини прикажани преку Google Play се предмет на промена во кое било време пред купувањето.
Даноци. Под „Даноци“ се подразбираат сите царини, царински такси, давачки или даноци (освен данокот на доход) поврзани со продажбата на Содржини, вклучувајќи ги сите поврзани казни или камати. Вие сте одговорни за сите даноци и мора да ги платите Содржините без никакво олеснување за Даноците. Ако продавачот на Содржините е задолжен да собира или плаќа Даноци, во тој случај Даноците ви се наплаќаат вам. Мора да се придржувате кон кои било и кон сите важечки даночни закони, вклучувајќи го пријавувањето и плаќањето на даноците што произлегуваат од вашето користење на Google Play или купувањето Содржини преку Google Play. Пријавувањето и плаќањето на таквите важечки Даноци е ваша одговорност.
Сите продажби се конечни. Видете ја Политиката за рефундирање на Google Play за повеќе информации за вашите права за повлекување, откажување или враќање на купувањата со рефундација. Освен во случаите што се изречно утврдени во Политиката за рефундирање на Google Play или во правилата за рефундирање на Давателот, сите продажби се конечни и не се дозволени никакви враќања, замени или рефундации. Ако е одобрена замена, враќање или рефундација за која било трансакција, трансакцијата може да се поништи, но вие веќе нема да може да пристапувате до Содржините што сте ги купиле со таа трансакција.
Претплати. Претплатите автоматски се наплаќаат во секој период за наплата (неделно, месечно, годишно или друг период), а може да ви се наплати најрано 24 часа пред почетокот на секој период за наплата.
(а) Пробни периоди. Кога се претплатувате на Содржини за одредена цена, може да добиете бесплатен пристап до придобивки од претплатата за одреден пробен период, после кој ќе ви се наплаќа додека не ја откажете претплатата. За да избегнете наплата, мора да откажете пред крајот на пробниот период. Штом ја откажете претплатата, веднаш ќе го загубите пристапот до Содржините и сите привилегии од претплатата, освен ако не е поинаку наведено. Пристапот до таквите пробни периоди може да биде ограничен на одреден број проби за секој корисник во одреден период или со други ограничувања.
(б) Откажувања. Може да ја откажете претплатата во секое време пред крајот на соодветниот циклус за наплата, како што е опишано во Центарот за помош, а откажувањето ќе се однесува на следниот период. На пример, ако купите месечна претплата, може да ја откажете во кое било време во текот на кој било месец од претплатата, а таа ќе биде откажана на крајот на тековниот период за наплата. Нема да добиете рефундација за тековниот период на наплата, освен како што е поинаку наведено во Политиката за рефундирање на Google Play (на пример, кога Содржините се дефектни).
(в) Попусти за претплатници на печатената верзија. Некои Даватели на периодични изданија можеби ќе ви дозволуваат да купите претплата на периодични Содржини на Google Play по намалена цена доколку веќе сте претплатник на печатената верзија. Ако ја откажете претплатата на печатената верзија на периодичното издание или ако истече претплатата на печатената верзија и не ја обновите, претплатата по намалена цена на тие Содржини на Google Play автоматски ќе се откаже.
(г) Зголемување на цени. Кога ќе купите претплата, првично ќе ви ја наплатиме цената што е на сила во моментот кога сте се согласиле да се претплатите. Google ќе ве извести ако подоцна се зголеми цената на претплатата. Зголемувањето ќе важи за следното плаќање што доспева по известувањето, под услов да ве известиме најмалку 30 дена пред да се изврши наплатата. Ако ве известиме помалку од 30 дена претходно, зголемувањето на цената нема да важи сѐ до плаќањето после следното доспеано плаќање. Ако не сакате да ја платите зголемената цена на претплатата, може да ја откажете претплатата на начинот опишан во делот Откажувања во овие Услови и нема да ви наплатиме дополнителни износи за претплатата, под услов да нѐ известите пред крајот на тековниот период за наплата. Kога Давателот ја зголемува цената на претплатата и кога е потребна согласност, Google може да ја откаже вашата претплата освен ако не се согласите на новата цена. Ако ја откажете претплата и подоцна решите повторно да се претплатите, ќе ви ја наплатиме тековната цена на претплатата во тој момент.
4. Права и ограничувања
Лиценци за користење Содржини. После завршувањето на трансакцијата или после плаќањето на важечките надоместоци за Содржините, Вие се стекнувате со неексклузивно право (само како што е изречно дозволено во овие Услови и поврзаните правила) да ги складирате, пристапувате, прегледувате, користите и прикажувате копиите на соодветните Содржини на вашите Уреди или како што е поинаку дозволено само за ваша лична, некомерцијална употреба. Сите права, овластувања и интереси во однос на Google Play и Содржините што не ви се изречно дадени со Условите се задржани. Вашето користење на апликациите и игрите може да е раководено од дополнителните услови и правила на договорот за лиценца со крајниот корисник помеѓу вас и Давателот.
Прекршување на Условите од лиценцата. Ако прекршите некои од Условите, веднаш ќе престанат вашите права од оваа лиценца и Google може да го откаже вашиот пристап до Google Play, до Содржините или до сметката на Google без рефундирање.
Ограничувања: Вие не смеете:
- да ги прикажувате Содржините (делумно или целосно) како дел од какво било јавно изведување или прикажување, дури и без наплата на надомест освен (а) кога таквото користење не претставува кршење на авторските права или повреда на некое друго важечко право или (б) како што е посебно дозволено и само на точно одредениот начин.
- да ги продавате, изнајмувате, давате под закуп, редистрибуирате, емитувате, трансмитирате, соопштувате, менувате, давате во подлиценца, пренесувате или отстапувате Содржините на кои било трети лица, вклучувајќи ги и преземањата на Содржините што може да ги добиете преку Google Play, освен како што е посебно дозволено и само на точно одредениот начин.
- да го користите Google Play или кои било од Содржините во комбинација со софтвер за рипување, снимање на преноси или сличен софтвер за снимање или создавање копија од Содржините што ви се претставени во формат на преноси.
- да ги користите Содржините како дел од која било услуга за споделување, позајмување или користење од повеќе корисници или за потребите на некоја друга институција, освен како што е посебно дозволено и само на точно одредениот начин.
- да се обидувате да или да помагате, овластувате или поттикнувате други лица да заобиколат, оневозможат или попречат некои од безбедносните функции или компоненти што го заштитуваат, го прават нејасен или на друг начин го ограничуваат пристапот до сите Содржини или до Google Play.
- да отстранувате водени печати, ознаки или други законски известувања или известувања за сопственоста што се вклучени во кои било Содржини или да се обидувате да ги измените Содржините добиени преку Google Play, вклучувајќи ја и измената заради прикривање или менување на секакви назнаки за сопственоста или изворот на Содржините.
Одредби од трети лица. И покрај спротивните одредби во овие Услови, третите лица кои ги лиценцираат своите Содржини на Google се наменети корисници од трето лице под овие Услови, единствено во однос на посебните одредби во овие Услови што се однесуваат директно на нивните Содржини („Одредби од трети лица“) и единствено со цел да им се овозможи на тие трети лица да ги остварат своите права во таквите Содржини. За да биде појасно, ништо во овие Услови не му дава право на корисникот од трето лице врз кое било друго лице, во однос на некоја одредба што не спаѓа во Одредбите од трети лица, што вклучува, но не се ограничува на ниедна одредба или договор вметнат со упатување или што може да се упати без вметнување, во овие Услови.
Правила на Play. Објавувањето рецензии на Google Play е предмет на следниве правила. Ако сакате да пријавите злоупотреба или други прекршувања на содржините, кликнете тука.
Дефектни содржини. Веднаш штом Содржините ви се стават на располагање преку сметката, треба што е можно побрзо да ги проверите за да се уверите дека функционираат и работат како што е наведено и што е можно побрзо да нѐ известите нас или Давателот доколку најдете накаква грешка или дефект. Погледнете ја Политиката за рефундирање на Google Play за повеќе информации.
Отстранување или недостапност на Содржините. Предмет на Условите, Содржините што сте ги купиле ќе ви бидат на располагање преку Google Play за периодот што сте го избрале, во случај да сте купиле - за време на период на изнајмување, а во останатите случаи - сѐ додека Google има право да ви ги става на располагање тие Содржини. Во одредени случаи (на пример, ако Google ги изгуби соодветните права, ако се прекине обезбедувањето на некоја услуга или Содржина, ако постојат критични безбедносни проблеми или ако има прекршувања на важечките услови или законот), Google може да отстрани од Уредот или да престане да ви дава пристап до одредени Содржини што сте ги купиле. За Содржините што ви ги продал Google Commerce Limited, може да добиете известување за таквото отстранување или прекин, кога е можно. Доколку не може да преземете копија од Содржините пред отстранувањето или прекинот, Google ќе ви понуди (а) замена на Содржините доколку е можно или (б) целосна или делумна рефундација на цената на Содржините. Доколку Google ви даде рефундација, тоа ќе биде вашиот единствен правен лек.
Повеќе сметки. Доколку имате повеќе сметки на Google со различни кориснички имиња, во некои случаи може да ги пренесете Содржините од една во друга сметка, под услов да сте сопственик на секоја од сметките, а Google да ја овозможил функцијата на соодветната услуга што дозволува такви преноси.
Ограничувања на пристапот на Уредите. Google може повремено да поставува ограничувања на бројот на Уредите или софтверските апликации што може да ги користите за пристап до Содржините. Посетете ја страницата на Правилата за користење на Google Play Movies & TV/Google TV за повеќе информации за овие ограничувања за Google Play Movies & TV/Google TV.
Опасни активности. Ниедна од Услугите или Содржините не е наменета за користење во работата на нуклеарни објекти, системи за одржување во живот, комуникација при итни случаи, навигација на авиони или комуникациски системи, системи за контрола на воздушниот сообраќај или други слични активности, во кој случај неуспешното функционирање на Услугите или Содржините може да предизвика смрт, телесна повреда или пак битна имотна или еколошка штета.
Google Play Movies & TV/Google TV. За дополнителни детали и ограничувања во врска со пристапот и користењето на Google Play Movies & TV/Google TV, погледнете ги Правилата за користење на Google Play Movies & TV/Google TV.