Најпрецизна и најкомплетна временска прогноза! Meteored ви нуди детални информации за времето за следните 14 дена, актуелна временска состојба, метеопредупредувања, радар за дожд, температура, квалитет на воздухот, ниво на полен, влажност и др. Со интуитивниот и приспособлив интерфејс, проверката на временските услови во реално време е полесна од кога било.
Дознајте како може да го подобри вашето искуство со времето!
Зошто да ја преземете апликацијата?
Она што нѐ издвојува е способноста да го предвидиме времето таму каде што се наоѓате. Користиме најсовремена технологија за собирање податоци кои нашиот тим метеоролози ги анализира за да ви обезбеди точни и ажурирани прогнози. Имаме над 20 години искуство со временски прогнози.
Низ нашиот интерфејс, ќе најдете:
🌍 РАДАР ЗА ДОЖД, КАРТИ И САТЕЛИТИ
Со напредниот радар за дожд, ќе може да ги следите врнежите преку високопрецизни податоци од набљудувања. Метеоролошките карти имаат неколку различни слоеви на прогноза, како што се температура, дожд, снег, атмосферски притисок... и сето тоа со анимација којашто ќе ви помогне да го видите правецот на движење на ветерот и брановите. Имаме и сателитски снимки од последните 12 часа.
⚠️ ОФИЦИЈАЛНИ АЛАРМИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Не грижете се за екстремните временски услови бидејќи ние нудиме Метеоаларм за Северна Македонија, како и метеопредупредувања од други официјални извори за остатокот од светот. Ќе добивате известувања кога ќе бидат издавани предупредувања од УХМР. Ќе ве информираме за екстремни временски услови во вашиот реон.
🍃 КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ И АЛЕРГИИ
Детални информации за квалитетот на воздухот, влажноста, ветерот и други релевантни временски услови што треба да ги земете предвид ако имате алергии. Ова ќе ви овозможи да носите одлуки за активности на отворено и да си го заштитите здравјето.
☀️🌙 ИЗГРЕЈСОНЦЕ И ЗАЈДИСОНЦЕ И ФАЗИ НА МЕСЕЧИНАТА
Ја обожаваме природата, па затоа нудиме информации и графички прикази на астрономски појави, како што се изгрејсонце и зајдисонце, преостанато време дневна светлина и фази на месечината, за да може да си ги планирате прошетките, возењата со велосипед или риболовот.
▶️ ВИДЕА ЗА ВРЕМЕТО
Откријте видеа од значајни временски појави, проследени со ексклузивна научна содржина којашто ќе ви помогне да ги разберете атмосферата и времето.
✅ ИНТЕРФЕЈС ПОГОДЕН ЗА СИТЕ
Лесен за употреба за сите возрасти и се прилагодува на сите ваши уреди. Без разлика дали сте вљубеник во временската прогноза или само барате брз начин да го проверите времето, ќе уживате во интуитивно и прилагодливо искуство со мерните единици кои најмногу ви одговараат.
📱 ГРАФИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ
Имаме графички елементи со кои ќе го донесете времето директно на вашиот почетен екран. Поставете елементи со различна големина кои содржат релевантни информации, како моментална температура, предупредувања и др. Имајте лесен увид во времето без да ја отворате апликацијата.
⌚ НОСЕТЕ ГО ВРЕМЕТО НА РАКА
Ако имате уред Wear OS, апликацијата ќе може да ја носите на рака. Проверете дали ќе врне на вашата локација, а на рачниот часовник додајте и картичка.
🗺️ ПОДАТОЦИ ОД СВЕТОТ
Најдете ги најрелевантните прогнози за вашата моментална локација или пребарајте ги омилените локации помеѓу над 6.000.000 локации. Достапни во над 110 земји и на 50 јазици.
Со користењето на апликацијава, се согласувате со политиката за приватност и условите и одредбите на Meteored.
Помогнете ни да се подобриме со тоа што ќе ни испратите прашања и предлози на support@meteored.com
Ажуриранa на
16 јун. 2026 г.