Мој Документ/ Moj Dokument

Апликацијата „МОЈ ДОКУМЕНТ“ е проект на Ротаракт клуб Широк Сокак Битола во соработка и помош од Ротари клуб Широк Сокак Битола, која има за цел да ги доближи и да ги направи подостапни информациите за одредени административни процедури и постапки до сите граѓани на Р. Македонија.

Живеејќи во опшество во кое постојано се генерираат нови административни процедури и во кое имаме честа промена на законите, лоциравме дека за граѓаните претставува потешкотија да стигнат до потребните информации при остварување на нивните права, односно како да стигнат до потребните документи. Поради тие причини ја создадовме апликацијата „МОЈ ДОКУМЕНТ“ преку која на брз и лесен начин сите граѓани можат да дојдат до систематизирани информации и обрасци за повеќе од четириесет административни процедури,, ќе го сведат на минимум времето потрошено низ административните лавиринти и секако ќе ги охрабрат во остварувањето на нивните права.

„МОЈ ДОКУМЕНТ“ опфаќа шест институции, со кои граѓаните остваруваат најинтензивен контакт во нивниот секојдневен живот, и тоа: Основен суд, Агенција за катастар на недвижности, Министерство за внатрешни работи, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Фонд за здравствено осигурување и Управата за водење на матични книги. Апликацијата дава можност секој корисник потребните информации и обрасци за издавање на бараниот документ да си ги испрати на својата електронска пошта, како и истите да ги испечати.

Се надеваме дека апликацијата ќе ја постигне својата цел, односно дека истата ќе допринесе за подобра достапност на граѓаните до информациите и остварувањето на своите права. Плановите за во блиска иднина се апликацијата да биде дополнета со информации, процедури и обрасци од уште три нови институции со кои граѓаните остваруваат чести контакти.
Read more
Collapse
4.9
66 total
5
4
3
2
1
Loading...

What's New

Moj Dokument
Read more
Collapse

Additional Information

Updated
October 23, 2018
Size
35M
Installs
1,000+
Current Version
1.0.1
Requires Android
4.1 and up
Content Rating
Everyone
Permissions
Offered By
Rotaract Shirok Sokak
©2019 GoogleSite Terms of ServicePrivacyDevelopersArtistsAbout Google|Location: United StatesLanguage: English (United States)
By purchasing this item, you are transacting with Google Payments and agreeing to the Google Payments Terms of Service and Privacy Notice.