Sportmaster App е апликација за спорт и рекреација на Sportmaster каде што сите спортски ентузијасти имаат пристап до нивните омилени спортски центри во Македонија со само една месечна претплата.
Со симнувањето на апликацијата и креирањето на профил, корисниците може да изберат помеѓу спортските центри од нашата мрежа, да испробаат нови тренинзи и дисциплини и да ги менуваат на дневна основа. Може да изберете фитнес, јога, зумба, пилатес, крос фит, картинг, тенис, пливање или многу други! Сега, веќе не постои оправдување за отсуство од тренинг!
Секој корисник може да избере пакет и да го плати директно од апликацијата!
Регистрацијата во нашите спортски објекти е многу едноставна. Само го скенирате QR кодот кој е поставен во спортските објекти и со тоа вашиот влез е евидентиран.
По влезот во нашата Sportmaster фамилија, секој корисник има можност да ја следи својата спортска активност и да ги избере омилените активности, секој ден, според своите желби. Останете здрави и позитивни!
Aktualisiert am
01.03.2023