mBanka - Komercijalna banka

4,3
2,43 þ. umsagnir
100 þ.+
Niðurhal
Efnisflokkun
Ekkert aldurstakmark
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd
Skjámynd

Um þetta forrit

Три производи во еден! - МБанка за физички лица во себе ги обединува услугите кои можете да ги добиете при секојдневното користење на порталот на Банката, Web апликацијата на Интернет банката и генераторот на кодови за една употреба. Со оваа апликација, отсега во вашиот мобилен уред ќе имате сопствена подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, удобен и пред се модерен начин, лесно ќе можете да дознаете нешто повеќе за нашите производи и услуги, да ги пронајдете најблиските единици на нашата деловна мрежа, најблиските банкомати, да остварите увид во вашите сметки, да плаќате и да вршите трансфери.

Што е мБанка?

Првото вистинско Мобилно банкарство какво што го очекувавте и посакувавте ...

Апликацијата е бесплатна за користење! - Доколку сте наш постоен корисник, без потреба од одење во Банката и склучување на нов договор, преку сајтот на Интернет банката најавете се, регистрирајте го вашиот мобилен уред и почнете да ја користите услугата веднаш!
Со апликацијата може да се извршуваат следните трансакции: плаќања кон други физички лица или компании (ПП30), плаќање кон јавни институции (ПП50), плаќања на јавни услуги, префрлања средства на / од свои сметки или картички или штедни книшки.

Нашиот пристап е отворен - Апликацијата можете да ја користите дури и доколку не сте наш корисник на Интернет банката. Пред да се одлучите да ја регистрирате и активирате, можете да ги користите јавно достапните услуги за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблиска единица на нашата деловна мрежа и сл. За да го испробате пристапот до услугите за увид во состојбата на сметките и вршењето на плаќања и трансфери, употребете го демо корисникот.

Удобноста не е луксуз - Во моментот, оваа апликација е единствена во нашата земја која нуди посебно прилагоден интерфејс за работа на таблети се со цел на оптимален начин да ја искористи површината на екранот и да Ви ги поедностави навигацијата и пристапот до услугите. На вас останува да одлучите дали во вашиот дом ќе го вклучите вашиот компјутер или ќе го употребите вашиот таблет.

За Вас ги споивме сигурноста и едноставноста - Наместо да имате потреба од внесување на корисничко име и лозинка и дополнително да морате да го носите вашиот сигурносен токен или уред за генерирање на кодови за една употреба, пристапот до состојбата и прометот на вашите сметки како и вршењето на плаќањата и трансферите ќе го изведувате со PIN избран од ваша страна.

Ве молиме да се придржувате на сигурносните препораки и апликацијата да не ја користите на Flótti-уван, рутиран или на било кој друг начин сигурносно компромитиран мобилен уред на кој оригиналниот фабрички софтвер е заменет со софтвер од трета страна.

Регистрација и активација

Доколку сакате да ги следите состојбата, прометот и резервираните средства на Вашите сметки за успешна регистрација на Вашиот мобилен уред и активирање на апликацијата, треба да ги извршите следните 5 чекори:

1. При првата најава во мБанка, идентификувајте се со вашето постоечко име и лозинка со кое ги користите услугите на Web апликацијата на Интернет банката.

2. По успешната најава, ќе ви биде прикажан поглед на вашиот дигитален фотоапарат вграден во вашиот мобилен уред со помош на кој треба да го скенирате QR кодот

3. Најавете се во Web апликацијата на Интернет банката и во делот Моите уреди означете го вашиот мобилен уред и кликнете на копчето Активирај уред

4. Прикажаниот QR код скенирајте го со помош на дигиталниот фотоапарат вграден во вашиот уред

5. Изберете го вашиот PIN за најава во мБанката и потврдете го.

Каде и да сте, отсега вашата Интернет банка верно ќе ве следи во секој ваш чекор.

Ве молиме за евентуалните технички проблеми или нејаснотии да го контактирате нашиот центар за поддршка за Интернет банка:

тел: 02 3296-800
(08:00 - 19:00 пон - пет, 08:00 - 15:00 сабота)
E-mail: support@kb.com.mk
Uppfært
24. okt. 2024

Gagnaöryggi

Öryggi hefst með skilningi á því hvernig þróunaraðilar safna og deila gögnunum þínum. Persónuvernd gagna og öryggisráðstafanir geta verið breytilegar miðað við notkun, svæði og aldur notandans. Þetta eru upplýsingar frá þróunaraðilanum og viðkomandi kann að uppfæra þær með tímanum.
Þetta forrit kann að deila þessum gagnagerðum með þriðju aðilum.
Staðsetning og Fjármálaupplýsingar
Engum gögnum safnað
Nánar um yfirlýsingar þróunaraðila um gagnasöfnun
Gögn eru dulkóðuð í flutningum
Ekki er hægt að eyða gögnum

Einkunnir og umsagnir

4,2
2,39 þ. umsagnir

Nýjungar

- Подобрување
- Improvements

Þjónusta við forrit