Driver Meter е апликација дизајнирана да им помогне на своите корисници да развијат безбедно и економично однесување при возење. Со податоците од сензорите собрани преку системот за следење на возилото, се анализираат и се оценуваат однесувањата на возачите како што се прекумерно брзо возење, нагло забрзување, нагло сопирање, ненадејно вртење и празен òд. Апликацијата им овозможува на корисниците да ги следат промените во перформансите со текот на времето, да добиваат детални информации за времето и локацијата на прекршувањата и да ги споредуваат нивните перформанси со другите возачи.