Поврзете се со вашиот лекар, советник, тренер, пријател, осигурителна компанија. Разменувајте директно информации за навиките, физичките активности, одредени лабораториски параметри, радиолошки снимки, терапии. Комуницирајте преку текстуални, аудио или аудио/видео пораки. Брзата размена на информации како предуслов за спречување на несакани настани е основа за поставување на национална платформа за превенција и дијагноза.
Следете ја историјата на вашите навики, физички активности и избрани лабораториски параметри. Поставете ги целите што сакате да ги постигнете и следете ја реализацијата. Дозволете му на вашиот лекар, советник, тренер да ви постават цели и да ја контролираат вашата реализација. Следете ги препораките на експертскиот систем на анализа и давање препораки врз основа на вашите медицински податоци.