EntryPoint е решение кое ви овозможува лесно и безбедно да управувате со пристапот без потреба од далечински управувачи. Без разлика дали отворате гаража, рампа или ограда, можете да контролирате сè директно од вашиот мобилен телефон, каде и да сте.
EntryPoint беше развиен со цел да се модернизира пристапот и да се елиминира потребата од традиционални далечински управувачи. Нашата апликација овозможува целосна контрола врз вашите уреди - од додавање пристапни точки и корисници до поставување ограничувања како радиус, број на отвори и време на пристап.
Со нашиот систем, повеќе не треба да се грижите за изгубените далечински управувачи или неовластен пристап. Се што ви треба е вашиот телефон! Едноставно инсталирајте го уредот, поврзете го со апликацијата и управувајте со пристапот брзо и безбедно.
EntryPoint е идеален за станари, бизниси и секој кој сака практично и контролирано отворање на гаражи, рампи и огради без компликации.
Ажуриранa на
2 дек. 2025 г.