DKP

Содржи реклами
10 илј.+
Преземања
Оцена на содржината
Сите
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот

За апликацијава

Ве молиме внимателно прочитајте го упатството за користење на глукометарот, пред да го користите прв пат! Целта на оваа бесплатна DKP апликација, е да Ви овозможи лесно следење и евидентирање на нивоата на гликоза во крв, како и вредноста на инсулин и јаглехидрати кои сте ги внеле во апликацијата инсталирана на Вашиот мобилен телефон.

Примање податоци од уредот Accu-Chek Instant: Пред да го користите Accu-Chek Instant уредот со мобилната апликација DKP, глукометарот мора да се поврзе со телефонот. Глукометарот може да биде поврзан само со 1 апарат. Поврзувањето со втор апарат, го поништува поврзувањето на првиот апарат. При поврзување, глукометарот и апаратот кој сакате да го поврзете, мора да бидат на растојание од 1 метар.
Кога глукометарот е исклучен, копчето за вклучување мора да се држи притиснато подолго време, се додека не се појави симболот за вклучен bluetooth. Симболите за спојување и безжична мрежа потоа ќе се појават и ќе трепкаат. Во тој момент, може да ја вклучите DKP апликацијата на Вашиот мобилен телефон и во прозорецот кој се појавува, да изберете дали сакате да ги синхронизирате Вашите податоци. Потоа мора да ги овозможите потребните пристапи, да го внесете шестоцифрениот ПИН-код на задната страна на глукометарот, за да се поврзете.

Доколку поврзувањето е успешно, на глукометарот ќе се појави порака “во ред” (OK). Тогаш DKP апликацијата прави синхронизација на мерењата на гликоза во крв преземени од глукометарот. Доколку поврзувањето е неуспешно, на уредот ќе се појави порака “грешка”(Error). Кај одредени телефонски уреди, комуникацијата (Bluetooth врската) со глукометарот може да биде бавна по спарувањето, толку многу што глукометарот прво ја затвора врската, така што податоците за гликоза во крвта не се појавуваат веднаш во апликацијата DKP, туку само откако апликацијата ќе се рестартира.
Потоа, веќе не е потребно да се рестартира апликацијата за следното мерење, податоците ќе се појават во апликацијата веднаш по поднесувањето. Секогаш кога ќе се стартува мобилната апликација DKP – по пристигнувањето на почетниот екран – се обидува да ги синхронизира новите податоци на глукометарот. За ова, глукометарот и режимот Bluetooth мора да бидат вклучени.
DKP апликацијата може да се синхронизира со Fitbit апликацијата. Може да изберете информациите да се увезуваат, извезуваат или на автоматски режим, во делот “Поставки”.

Ве молиме да имате во предвид дека DKP апликацијата не е ниту медицинска помош ниту медицинско средство, затоа не дава здравствени совети или насоки за третман на дијабетес. Апликацијата не може да се користи за дијагностицирање дијабетес и не е замена за консултација со Вашиот лекар. Секогаш барајте мислење од Вашиот лекар и избегнувајте да донесувате независни одлуки за Вашата здравствена состојба, кога ја користите апликацијата.
Ажуриранa на
13.2.2024 г.

Безбедност на податоците

Предуслов за безбедност е да знаете како програмерите ги прибираат и споделуваат вашите податоци. Практиките за приватност и безбедност на податоците може да се разликуваат според вашиот начин на користење, регион и возраст. Програмерот ги обезбедил овие информации и може да ги ажурира во иднина.
Апликацијава може да ги споделува овие типови податоци со трети страни
Лични податоци
Не се прибираат податоци
Дознајте повеќе како програмерите изјавуваат прибирање податоци
Податоците се шифрираат при префрлување
Податоците не може да се избришат

Што има ново

Додадена е поддршка за јазици: ерменски, казахстански, киргистански, узбекистански