Математиката за второ одделение е забавна, едукативна и иновативна апликација за проширување и обнова на знаењето за математиката.Оваа виртуелна мобилна апликација со задачи се состои од 11 теми со 27 активности:броеви, собирање и одземање (основно и напредно ниво), мерки за време (часовник и точно време), мерки (должина,волумен,тежина), дропки (препознавање,боење,пронаоѓање) и форми (2д и 3д).
Математичките содржини во оваа игра имаат за цел да им помогнат на учениците од второ одделение да ја научат или повторат математиката на еден поинаков начин. Преку забава, игра и решавање на логички задачи, учениците од второ одделение ќе го прошират своето знаење за математика а со тоа ќе ги подобрат своите логички вештини, памтењето и концентрацијата.
Ако имате било какви повратни информации и сугестии за тоа како би можеле понатаму да го подобриме дизајнот и интеракцијата на нашите апликации и игри, ве молиме оставете ни порака на playmoood@gmail.com.
ଗତ ଅପଡେଟର ସମୟ
ଅଗଷ୍ଟ 23, 2023