Како Honkai: Star Rail стана најдобра игра за 2023

Долгата меѓуѕвездена сага, Honkai: Star Rail, ни ги освои срцата годинава и стана најдобра игра на Play за 2023 година. Едно од клучните лица зад нејзиниот успех е David Jiang, кој одигра значајна улога како продуцент и сценарист во текот на годините. Поразговаравме со него за нештата што се вклучени во создавањето такво ѕвездено доживување.
Нашата игра на годината
Honkai: Star Rail
COGNOSPHERE PTE. LTD.
Купувања во апликација
3,2
477 илј. рецензии
10 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
Тинејџери
  1. 1
    Get on board with miHoYo's highly anticipated follow-up to Genshin Impact for a journey into the stars
  2. 2
    Play an exceptional space fantasy with deep turn-based combat and multiple character advancement systems
  3. 3
    Navigate a fully 3D environment with touch or a Bluetooth controller and get immersed in the rich storyline
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Play: Честитки за наградата „Најдобра игра за 2023 година“, што значи тоа за вас и за вашиот тим?
David Jiang: Многу ви благодарам! Освојувањето на наградава е огромен извор на гордост и радост за нашиот тим. Тоа е доказ за нашите посветеност, неуморен труд, креативност и страст при создавањето на Honkai: Star Rail. Ја поттикнува нашата мотивација за проширување на границите, иновација и постојано подобрување на нашата игра.
Тоа го сметаме за потврда на нашата визија и моќен поттик да продолжиме да ги подигаме стандардите во индустријата за игри.
Интервју со David Jiang, продуцентот на Honkai: Star Rail
Како се справивте со очекувањата на корисниците по успехот на Honkai Impact 3rd и Genshin Impact?
Благодарни сме им на сите обожаватели низ светот за непоколебливата поддршка, што ни овозможува да продолжиме со развивањето нови проекти. Ветивме дека ќе продолжиме да испорачуваме исклучителни гејмерски доживувања со Honkai: Star Rail – нашиот прв обид за истражување на научната фантастика и жанрот со наизменични потези. Визијата на HoYoverse е создавање разновидни содржини за уживање.
Honkai: Star Rail
COGNOSPHERE PTE. LTD.
Купувања во апликација
3,2
477 илј. рецензии
10 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
Тинејџери
Што беше потребно за да се создадат толку опширни и детални свет и митологија?
Содржи деликатен баланс помеѓу наративната длабочина и реалистичното играње. Нашиот тим посветува значителен труд да создаде разновидни и добро дефинирани фракции, ликови со сложени истории и временска линија што нуди контекст за развојот на приказната. Секој елемент е педантно смислен за да придонесе за богатата и кохерентна таписерија на универзумот на играта.
И механиката за играње игра клучна улога во прикажувањето на нашата митологија. На пример, концептот „Симулиран универзум“ не е само карактеристика на играта; туку е поврзан и со наративот. Рандомизираните мапи и непријатели во „Симулираниот универзум“ ја отсликуваат хаотичната природа на Honkai, што нуди динамично и непредвидливо доживување за играчите, а истовремено и доследно на митологијата.
Што научивте за време на развојниот процес?
Постојаната интеракција со играчите е најважна. Активното слушање на повратните информации од заедницата ни овозможува да ги инкорпорираме предлозите и желбите на играчите во нашите ажурирања, со што светот на играта напредува според доживувањата на играчите.
На пример, во верзијата 1.3 го подобривме ограничувањето на Trailblaze Power, овозможувајќи им на играчите да го складираат вишокот енергија, што ги прави авантурите и предизвиците повозбудливи и понепречени. Ваквиот повторлив процес значи дека може да создадеме динамичен универзум што еволуира и што ќе го прифати заедницата.
Honkai: Star Rail
COGNOSPHERE PTE. LTD.
Купувања во апликација
3,2
477 илј. рецензии
10 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
Тинејџери
Каков беше вашиот пристап при создавањето игра што функционира толку беспрекорно на повеќе уреди?
Тоа беше педантен труд, со приоритет на пристапноста, но без да се компромитира квалитетот. Прво и основно, механиката за играње е создадена имајќи ја предвид приспособливоста. Тоа значи оптимизација на контроли, UI-елементи и графика, за да одговараат на уникатните функции и ограничувања на секоја платформа, гарантирајќи уживање без прекини, и на гејмерски PC со високи перформанси и на мобилен уред.
Исто така, ја создадовме инфраструктурата на играта, така што ќе одговара на различните технички спецификации на различните уреди. Ова подразбира компатибилност со различни големини на екрани, резолуции и соодноси. Со ваквите варијации, можеме да испорачаме доследно и пријатно искуство, без разлика на уредот што ќе го изберат играчите.
Honkai: Star Rail
COGNOSPHERE PTE. LTD.
Купувања во апликација
3,2
477 илј. рецензии
10 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
Тинејџери
Дали може да ни откриете што можеме да очекуваме во Honkai: Star Rail во 2024 година?
Нашето патување не завршува тука; ќе продолжиме да создаваме содржини што им се привлечни на играчите и ќе се погрижиме Honkai: Star Rail да продолжи да биде незаборавно и извонредно доживување. Во 2024 г., ќе започне ново поглавје од интергалактичкото патување – неистражена област наречена Penacony. Бидете во тек за уште возбудливи авантури со бркање ѕвезди!