Смачкајте ја слатката демонска инвазија

Искусете ја целата акција со убивање демони од франшизата Doom во минијатурна форма. Заснован на збирка колекционерски играчки, првиов дел од „анимираниот универзум“ на Doom е одличен за обожавателите на пукачки и rogue-lite игри. Користете ги епските оружја, како плазма-пушката и BFG, додека се борите против минијатурните верзии од легендарните босови за многу акција во мало пакување.
Што може да очекувате:
  • Преземете контрола врз Mini Slayer, минијатурна, но моќна, инкарнација на легендарниот Doom Slayer
  • Пробијте си пат со експлозии низ стотиците епски светови и босови од франшизата Doom
  • Визуелно стимулирачката „слатко насилна“ графика на смешен начин потсеќа на AAA корените на Mighty Doom, а истовремено нуди многу акција во џебно издание
  • Играњето од птичја перспектива, во стил на аркадните игри, е лесно за учење, а неговото совладување ќе ве исполни, па очекувајте да станува потешко во повисоките нивоа
  • Приспособувајте ја опремата во движење, отклучувајќи специјални вештини и моќни оружја, за да се справите со страшните, смешни демонски орди што ви стојат на патот