Запознајте се со Roberta Williams, гејмер-пионер

Овој Меѓународен ден на жената, истакнуваме пионер во индустријата за игри, Roberta Williams, главен креативен директор на Cygnus Entertainment.
Williams е една од највлијателните женски програмери на игри на сите времиња. Таа ја создаде првата графичка авантуристичка игра, Mystery House, во 1980 заедно со својот сопруг Ken Williams и помогна да се поплочи патот за жените во индустријата за игри.
Оттогаш, Williams и нејзиниот сопруг заеднички создале многу други успешни игри, вклучувајќи ја и серијата King’s Quest, а во најскоро време и 3D римејкот на Colossal Cave Adventure, објавен оваа година. Зборувавме со неа за тоа што значи да се биде пионер.
Play: Што ви значи Меѓународниот ден на жената?
Roberta Williams: Го славам Меѓународниот ден на жената секој ден во годината и сум благодарна што бев доволно среќна да бидам поуспешна од повеќето мажи што ги познавам!
Каква е вашата визија за поголема еднаквост во гејмерството?
Се надевам дека ќе видам поголема упорност од жените во гејмерскиот свет – без разлика дали се гејмери или работат во таа индустрија. Мора да им се спротивставиме на сексистите и да не им дозволиме да се однесуваат како индустријата да е „нивна“.
Кои ви се омилени женски ликови?
Навистина се гордеам со мојот лик Rosella од King’s Quest 4.
Какви совети имате за девојките и жените кои сакаат да почнат да дизајнираат игри?
Стремете се кон вашите цели и не откажувајте се додека не ги остварите. Одете на факултет и учете дизајнирање игри или сами изучете некој занает во индустријата за игри, а потоа не откажувајте се дури не ја добиете првата работа. Можностите за жените постојат, а ако некој ве спречува, не обрнувајте внимание и продолжете да го правите она што го сакате. Не дозволувајте да ви го одземат тоа што е ваше.
Кога ќе ги видиме вашите игри на мобилните уреди?
Наскоро, да се надеваме. Почнувам да работам на Colossal Cave Mobile за Cygnus Entertainment.