Како се создава и се приспособува аватар на Roblox

Пред да почнете да играте игри и да уживате во доживувањата на Roblox, има неколку нешта што треба да ги средите на вашиот профил. Иако стандардниот аватар што ќе ви го даде играта е добар за почеток, веројатно ќе сакате да го персонализирате за да ви одговара на стилот. Еве како да го направите тоа.
Водичов ќе ви покаже сѐ што треба да знаете за да си го приспособите аватарот на Roblox, вклучително и како да појдете до страницата за приспособување и што да правите таму.

Наоѓање на менито за приспособување на Roblox

Аватарот најлесно може да го измените така што ќе изберете „Аватар“ во долното мени на мобилната апликација. Но, може и да допрете на лицето до вашето корисничко име најгоре на екранот на главното мени. Со тоа ќе се појави мени во коешто најгоре е прикажан вашиот аватар.
Допрете „Edit Profile“ најдолу во скокачкото мени, што ќе ве одведе до друго мени каде што може да го измените корисничкото име. Оттука, допрете на лицето на аватарот за да појдете во Avatar Marketplace ‒ каде што може да купувате нови ставки за вашиот лик ‒ и менито „Customize“.

Приспособување на аватарот на Roblox

Кога ќе дојдете до менито „Customize“, сите ставки што ги поседувате во моментот за аватарот ќе ви се прикажат во долната половина на екранот. Постојат многу опции за приспособување, од изгледот на лицето и косата на ликот, до облеката што ја носи, па дури и начинот на којшто чекори.
Ќе ги анализираме сите категории за приспособување подолу, но, за секоја, едноставно допрете на која било од опциите најгоре во менито за да изберете ставка што ја имате за да ја додадете на аватарот. Ако сакате да купите ставки со Robux, или лизгајте надолу за да видите неколку предложени опции или вратете се на картичката Marketplace и пребарајте ги саканите ставки.

Опции за приспособување на Roblox

Еве список со многуте нешта што може да ги приспособувате на вашиот аватар на Roblox, групирани според тоа како категоријата се прикажува на екранот „Customize“ во Avatar Marketplace. Ако сте добиле одредена ставка и сакате веднаш да ја ставите, ова ќе ви помогне да го најдете одделот што го барате.
Ликови
  • Творби ‒ тука може да ги зачувувате целосно приспособените творби за подоцна
  • Купени ‒ тука ќе ги најдете целосните костими што сте ги купиле од Marketplace
Глава и тело
  • Глави, коса, кожа ‒ изберете си облик на глава, фризура и боја на кожа од различните опции
  • Класични глави, класични лица ‒ избирајте од оригиналните стилови на глава и лице
  • Трупови, леви раце, десни раце, леви нозе, десни нозе ‒ избирајте екстремитети и делови од телото од различните стилови на ликови (не мора да се совпаѓаат)
  • Телесна градба ‒ користете го триаголниот лизгач за да го менувате целокупниот телесен облик на аватарот
Облека
  • Горни делови: кошули, маици, џемпери, јакни
  • Долни делови: панталони, фустани и здолништа, шорцеви
  • Чевли
  • Класични опции: класични кошули, класични маици, класични панталони
Додатоци
  • Глава ‒ наоѓајте секакви капи и додатоци за глава
  • Лице ‒ изберете си очила, шминка или маски
  • Врат, рамена ‒ изберете ѓердан или забавна ставка што ќе си ја ставите на или над рамената
  • Преден дел, заден дел, половина ‒ избирајте ставки што може да ги носите на или околу себе, од чанта или ранец до гума за пливање
  • Опрема ‒ најдете си нешто што може да го држите во рацете, како оружје, телефон или шунка
Емоти и анимации
  • Емоти ‒ додавајте дејства што може да ги извршува аватарот на осумте места за емоти
  • Анимација ‒ приспособете го начинот на мирување, одење, трчање, скокање, паѓање, искачување, па дури и пливање
Roblox
Roblox Corporation
Купувања во апликација
4,4
45,5 мил. рецензии
1 милј.+
Преземања
Оцена на содржината
Тинејџери