Во чест на AFK Journey, „Најдобрата игра“ за 2024

AFK Journey нѐ маѓепса со неверојатните визуелни елементи, прекрасната анимација и богатиот фантастичен свет. Толку ни се допадна, што ја освои нашата награда за „Најдобра игра“ на 2024 година. Во чест на ваквото достигнување, се сретнавме со продуцентот на AFK Journey, Jiangyuan He, и поразговаравме за тоа како тимот успеа да ја создаде нашата омилена игра за 2024 година.
Тргнете на патување
AFK Journey
FARLIGHT
Купувања во апликација
4,6
284 илј. рецензии
5 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
Тинејџери
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Play: Пред сѐ, честитки! Како се чувствувате по победата?
Jiangyuan He: Ми претставува огромно задоволство! Тоа му значи многу на нашиот тим и ни е голема мотивација. Иако AFK Arena беше успешна игра, тогаш не добивме вакво признание. На некој начин, сметам дека ги надминавме AFK Arena и нашите претходни дела.
Тимот што стои зад AFK Journey
Па, кажете ни нешто за AFK Journey.
Играте како Merlin, легендарниот маѓепсник кој еднаш ја спаси земјата Esperia. Сега, со нови закани на хоризонтот, ќе сретнете различни херои на патувањето и ќе им помогнете да си го најдат патот и да го откријат својот „меч“, што во нашите преданија е симбол за „моќ“. Заедно, ќе си ги споите моќите во епската задача да го спасите светот.
Сакавме да предизвикаме чувство на радост и авантура и, верни на нашето мото: „Надмини ги очекувањата“, ја сметаме AFK Journey за енергично, пријатно бегство во светот на Esperia. Со мешавината од игра без интеракција и елементи на игра со улоги, стратегија и друштвени настани, се надеваме дека создадовме нешто што е навистина посебно и ќе им остави впечаток и ќе ги надмине очекувањата на играчите.
AFK Journey
FARLIGHT
Купувања во апликација
4,6
284 илј. рецензии
5 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
Тинејџери
Како дојдовте до идејата да го префрлите светот на AFK во игра со улоги со приказна?
Всушност, идејата потекнува од една средба на играчи на AFK Arena. Еден од играчите сподели дека се чувствувал бесцелно додека напредувал низ нивоата. Тоа нѐ натера навистина да се замислиме и нѐ инспирираше да внесеме побогата приказна и реалистичен свет во којшто играчите ќе може подобро да се поврзуваат во AFK Journey.
Дали приказната е продолжение на AFK Arena?
Иако AFK Journey дефинитивно е инспирирана од AFK Arena, не е ограничена од истата. Продолженијата често се приспособуваат на други жанрови на игри, па ги адаптиравме темите од приказната според дизајнот на играва за да овозможиме најдобро доживување за играчите.
Што ви беше инспирација за новава приказна и зошто херојот, Merlin, страда од амнезија?
Кинеското име на серијалот AFK значи „Меч и експедиција“, па се фокусираме на делот од приказната поврзан со мечови. Нашиот тим за приказна најде инспирација во познатата идеја за „меч во каменот“ за преданијата да бидат пристапни и интересни за сите. А ликот има амнезија бидејќи спомените играат клучна улога во играта и постепено ќе се откриваат во претстојните сезони, па бидете во тек.
Уметнички прикази на ликовите Merlin, Rowan и Lyca
AFK Journey
FARLIGHT
Купувања во апликација
4,6
284 илј. рецензии
5 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
Тинејџери
Како го смисливте препознатливиот бајковит уметнички стил на AFK Journey?
Уметничкиот тим се инспирираше од мурали, витражи, илустрирани книги и друго. Уметноста постои во многу облици, но суштинските концепти неретко се исти. За нашите ликови во 3D, додавањето текстури на дизајнот во 2D беше предизвик, па користевме техники од други уметности. Златниот филигран од муралите и кинеските слики и фолијата за печатење и ламинирањето ни ги понудија потребните визуелни елементи.
Креативниот дух на нашиот уметнички тим е отворен за секакви стилови и искрено верува дека секој лик има нешто посебно што може да понуди. Па, сакаме играчите да почувствуваат уникатна врска со секој лик што ќе го сретнат. Крајната цел е да создадеме енергичен свет во којшто ќе уживаат сите!
Како ги создавате различните режими на игра, а успевате сѐ да функционира добро како една целина?
Дефинитивно е предизвик! Прво зацртуваме дизајнерски цели за новите режими на игра, спојувајќи ги нашите долгорочни планови со повратните информации од играчите. Откако ќе ги дефинираме режимите и ќе им назначиме соодветни ознаки за фокус, размислуваме за различни патеки и ја избираме највозбудливата, па ја усовршуваме додека да се објави.
Фокусирани сме на создавање нови содржини што одговараат на зоните на удобност на играчите, а истовремено ги слушаме и нивните повратни мислења. Со тоа што постојано внимаваме и се подобруваме, се стремиме да создадеме кохезивно доживување што ќе ги заинтересира и ќе ги задоволи сите.
Преполна со режими на игра за истражување
AFK Journey
FARLIGHT
Купувања во апликација
4,6
284 илј. рецензии
5 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
Тинејџери