Разговор со шефот за приказна за Merge Mansion

Добрата игра може да стане одлична ако има интересна приказна. Малкумина го разбираат тоа подобро од Линда Јакобсон, шефот на приказна за Merge Mansion. Поразговаравме со неа за важноста на создавањето незаборавни приказни и силни женски ликови.
Play: Дали можете да ни кажете што е вашата задача како шеф на приказна?
Линда Јакобсон: „Всушност, јас сум родена за раскажувач. Мојата улога, којашто длабоко ме исполнува, е да создадам реалистична и интересна приказна што го надополнува играњето на Merge Mansion и го подобрува доживувањето на играчите.
Моја одговорност е приказната да биде поврзана и разбирлива, а ликовите да останат непоколебливо доследни во текот на играта, како и на друштвените мрежи, во маркетингот и друго.“
За Maddie и баба ѝ
Merge Mansion
Metacore Games Oy
Купувања во апликација
4,3
565 илј. рецензии
10 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
Сите
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Play: Кои се придобивките и предизвиците поврзани со толку длабоката приказна за една секојдневна игра?
Јакобсон: „Добро осмислената приказна создава емоционална врска помеѓу играчите и играта, а тоа придонесува за незаборавно и пријатно доживување, па играчите постојано се враќаат. Но, задржувањето на вниманието на играчите во текот на кратките сесии на играње може да биде предизвик. Предизвик, донекаде, е и да се постигне рамнотежа помеѓу играњето и раскажувањето.“
Play: Што ве прави најгорди во однос на Merge Mansion?
Јакобсон: „Тоа што првично ме привлече кај Merge Mansion, прво како играч, а потоа и како програмер, е изразената женска перспектива која е суштински дел од нашата игра.
За жал, разочарувачки ретко се наоѓаат интересни приказни што се вртат околу два длабоки женски лика, а не пак околу постар женски лик. Во нашата игра, приказната е сосем поинаква. Нас нѐ води силата на нашите женски ликови.“
Истражувајте ги силните женски ликови и интересните мистерии на Merge Mansion
Play: Зошто е толку важно да постојат игри во коишто се застапени женски ликови?
Јакобсон: „Како жена и како мајка, убедена сум дека ни се потребни приказни во кои девојките и жените не само што се појавуваат, туку и се ценат. Исклучително важно е да се прикажат позитивни примери за силни жени, преку вештото раскажување приказни.
Дејствата и гласовите на жените во приказните се далеку од нерелевантни; тие имаат моќ да ги оформат перцепциите и да инспирираат.
Мојата лична мисија не е само да создадам интересна и привлечна игра што е добра за релаксација; туку да го направам светот подобро место за девојките и за жените, мисија што ја прифаќаме од срце. Мошне сум горда што работам на исполнувањето на таквата цел.“
Merge Mansion
Metacore Games Oy
Купувања во апликација
4,3
565 илј. рецензии
10 мил.+
Преземања
Оцена на содржината
Сите