MiniMed™ Mobile

100 илј.+
Преземања
Оцена на содржината
Сите
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот

За апликацијава

Откријте нов начин за интеракција со инсулинската пумпа MiniMed™ и за постојано следење на податоците за гликоза (CGM). Полесно и подискретно решение, кое ќе ви помогне да се справувате со дијабетесот.

Со апликацијата MiniMed™ Mobile може да ги прегледувате клучните податоци за инсулинската пумпа и за CGM директно на паметниот телефон.

Апликацијата ви овозможува преглед на податоците за инсулинската пумпа и за CGM за да може подобро да ги разберете нивоата на гликоза и да ја гледате историјата. Сега може лесно да го видите трендот на вашите нивоа.

Автоматското поставување на податоци во софтверот CareLink™ прави споделувањето на податоците со лекарот да биде полесно од кога и да е.

Другите функции на апликацијата вклучуваат:
секундарен приказ лесен за употреба
известувања од системот на инсулинска пумпа директно на паметниот телефон
податоци презентирани според истата структура како и на интерфејсот на инсулинската пумпа MiniMed™
приказ на минати и тековни податоци за инсулинската пумпа и за CGM

ВАЖНО: Оваа апликација работи само со серијата на систем на инсулинска пумпа MiniMed™ 700, која е конкретно дизајнирана за безжична комуникација со компатибилни паметни уреди. За да најдете список на компатибилни уреди, посетете ја локалната веб-локација на Medtronic. Апликацијата MiniMed™ Mobile не функционира со други инсулински пумпи MiniMed™ или Paradigm™. За да дознаете повеќе за апликацијата MiniMed™ Mobile, посетете ја веб-локацијата на Medtronic.

Апликацијата MiniMed™ Mobile е наменета да обезбеди секундарен приказ за компатибилен систем на инсулинска пумпа MiniMed™ со помош на соодветен потрошувачки електронски уред со цел пасивно следење и синхронизација на податоци со системот CareLink™.

Апликацијата MiniMed™ Mobile не е наменета за анализа или модификација на податоците од непрекинатото следење на гликозата или податоците за инсулинската пумпа кои што ги добива. Ниту пак е наменета за контрола на функциите на поврзаниот систем за непрекинато следење на гликоза или инсулинската пумпа. Апликацијата MiniMed™ Mobile не е наменета да прима информации директно од сензорот или трансмитерот на системот за непрекинато следење на нивоата на
гликоза.

Апликацијата не треба да се користи како прв извор за решавање технички или кориснички проблеми. За да ви ги заштитиме приватноста и личните податоци, но и за веднаш да ги разрешиме сите технички или кориснички проблеми што можеби ги имате со некој производ од Medtronic, остварете контакт со локалната корисничка служба на Medtronic.

Можеби ќе биде потребно Medtronic активно да контактира со корисниците во врска со поплаките поврзани со производите. Ако Medtronic утврди дека вашите коментари и поплаки бараат дополнително внимание, член на тимот на Medtronic ќе се обиде да ви се обрати за да собере повеќе информации.

©2021 Medtronic. Сите права се задржани. Medtronic, логото Medtronic и Further, Together се трговски марки на Medtronic. Брендовите од трети страни се трговски марки на нивните соодветни сопственици.
Ажуриранa на
12.7.2024

Безбедност на податоците

Безбедноста започнува со разбирање како програмерите ги прибираат и споделуваат вашите податоци. Праксата во однос на приватноста и заштитата на податоците може да се разликува според користењето, регионот и вашата возраст. Програмерот ги обезбедил информацииве и може да ги ажурира во иднина.
Не се споделуваат податоци со трети страни
Дознајте повеќе како програмерите изјавуваат споделување податоци
Оваа апликација може да ги прибира овие типови податоци
Лични податоци, Здравје и фитнес и 3 други
Податоците се шифрираат при префрлување
Може да побарате бришење на податоците