Со вградена Fitbit, часовникот ви помага во исполнување цели за здравјето и благосостојбата. Планирајте си ги денот и нивото на активност според вашето „Утринско резиме“, каде што може да гледате корисни увиди, резултат за подготвеност, здравствени податоци и дневни цели. Добивајте и корисни потсетници за здрави навики, на пример, за движење во текот на денот.
Еве уште неколку апликации што го олеснуваат водењето сметка за себе, од утрински ритуали и добра исхрана до опуштање.